вторник, 22 октомври 2024

СЗО: Мајмунските сипаници не се нов коронавирус, знаеме да го контролираме нивното ширење

Регионалниот директор на Светската здравствена организација за Европа Ханс Клуге порача дека вирусот мпокс (мајмунски сипаници) не е нов коронавирус, без оглед на тоа дали станува збор за нов или стар сој, бидејќи се знае како се контролира нивното ширење.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Можеме и мораме заедно да се позанимаваме со мпоксот“, кажа тој за медиумите. „Дали ќе избереме да воспоставиме системи за контрола и елиминација на мпоксот на светско ниво или ќе влеземе во уште еден циклус на паника и занемарување. Како ќе реагираме сега и во годините кои доаѓаат ќе биде критичен тест за Европа и светот“, истакна тој.

Мпокс, вирусната инфекција која предизвикува симптоми слични на грипот, е обично блага, но може да биде и смртоносна.

Варијантата на тие сипаници „клејд 1б“ предизвика меѓународна загриженост, бидејќи се чини дека полесно се шири преку близок контакт, пренесува Ројтерс.

Случај на зараза со таа варијанта на вирусот потврден е минатата недела во Шведска и е поврзан со растечката епидемија во Африка.

„Околу стотина нови случаи на помалку сериозната варијанта „клејд 2“ секој месец се пријавуваат во Европа“, наведе Клуге.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ