сабота, 27 јули 2024

СЗО ја откажа шестата мисија за помош во Газа од безбедносни причини

Светската здравствена организација (СЗО) од безбедносни причини откажа уште една планирана мисија за медицинска помош во Газа.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, рече дека тоа е шеста мисија во северниот дел на Појасот Газа што агенцијата на ОН ја откажала бидејќи барањата за посета не биле одобрени, ниту биле дадени безбедносни гаранции од последната посета на 26 декември.

„Интензивното бомбардирање, ограничувањата на движењето, недостигот од гориво и нарушените комуникации ги спречуваат СЗО и партнерите да дојдат до оние на кои им е потребна помош“, рече тој на виртуелна прес-конференција во Женева.

„Го повикуваме Израел да ги одобри барањата на СЗО и другите партнери за испорака на хуманитарна помош.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ