„Ова е морален и научен императив. Продолжуваме да ја повикуваме Кина да сподели податоци и пристап за да можеме да го разбереме потеклото на ковид-19. Без транспарентност, споделување и соработка меѓу земјите, светот не може да спречи и соодветно да се подготви за идни епидемии и пандемии“, предупреди СЗО.
Во 2021 година, заедничка комисија од кинески и експерти на СЗО го посети Вухан. Во својот последен извештај, комисијата ја смета „веројатна до многу веројатна“ теоријата дека коронавирусот потекнува од диви животински видови, а потоа се проширил на друг животински вид пред да се појави кај луѓето.
Сепак, потеклото и рутата на пренос не можат јасно да се дефинираат.