Во просториите на Видеолотарија се реализираше последната фаза- дополнителната игра „Среќно тркало“ со што беше комплетиран списокот на наградените од третото коло од наградната игра, како и на добитниците на главните награди.
Александар Мирчески и Михајло Роџевски беа најсреќни. Роџевски го освои автомобилот мерцедес во категоријата видеолотарија, а Мирчески во спортско обложување. И обајцата, сè уште под импресии од возбудливиот и среќен викенд, ги подигнаа своите клучеви.
Наградната игра со богат фонд на награди, парични и стокови во збирен износ од фантастични 13.800.000 денари, беше достапна на единствената легална платформа за интернет игри на среќа 2win.mk од 3 април 2023 година до 1 јули 2023 година.
Комерцијален текст