„Согласно годишниот план за постапување во зимски услови, на подрачјето на Маврово е воведен кружен тек на движење на возилата за да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Но, поради непочитување на правилата и препораките, во текот на вчерашниот ден настанаа проблеми во одвивањето на сообраќајот. За да се надминат проблемите и да се обезбеди безбедно и непречено одвивање на сообраќајот во Маврово, ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија со кои со физичко регулирање на сообраќајот проблемите се надминуваат, што беше и направено“, наведуваат од СВР Тетово.
Воедно, од СВР Тетово апелираат до граѓаните да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставениот сообраќаен режим и да се движат согласно предвидените правила. Возачите се потсетуваат да не тргнуваат во правец на Маврово и Попова Шапка со летни гуми и без соодветна зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот. Апелираме до возачите да придонесеме сите заедно за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, стои во соопштението.