понеделник, 21 октомври 2024

Свлечиште затрупа 47 лица во јужен кинески регион

Поради лизгање на земјиште во градот Жаотонг, во североисточната кинеска провинција Јунан, најмалку 47 лица се водат за исчезнати, а спасувачки операции се во тек, објавија во понеделник кинеските државни медиуми, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Свлечиштето се случило рано утрината во Жаотонг, а претставници на локалната власт испратиле помош за вонредни ситуации, објави Пиплс дејли.

Повеќе од 500 луѓе се евакуирани, според Ројтерс, кој додава дека не е јасно што го предизвикало лизгањето на земјиштето.

Властите соопштија дека спасувачите се обидуваат да пронајдат жртви закопани во 18 одвоени куќи, а кинеската новинска агенција Ксинхуа објави снимка од мажи во портокалови комбинезони и кациги како се пробиваат низ купишта бетонски блокови и искривен челик.

Снег имало на повеќето урнатини и зградите кои сѐ уште стојат.

Јунан, во југозападна Кина, е една од неколкуте провинции во јужниот регион на азиската држава која моментално се соочува со студен бран и со температури близу или под нулата, според Националниот метеоролошки центар.

Свлечишта се вообичаени во Јунан, оддалечен регион на Кина каде стрмните планински венци се издигнуваат во хималајската висорамнина.

Кина доживеа серија природни катастрофи во последниве месеци, а лизгањето на земјиштето се случува по повеќе од еден месец по земјотресот со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала што го погоди северозападниот дел меѓу провинциите Гансу и Кингхаи, при што загинаа најмалку 149 луѓе и предизвикаа масовни лизгања на земјиштето.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ