петок, 26 јули 2024
Србинот вечерва е херој на „Волчицата“

Свилар со две одбрани во пенал-рулетот ја однесе Рома во осмина-финале (ВИДЕО)

Рома се пласираше во осминафинале во Лига Европа, Миле Свилар со две одбрани во пенал-рулетот донесе славје во пресметката против Феенорд.

Објавено на

часот

Сподели

Рома на пенали ја доби пресметката против Феенорд, откако резултатот во регуларниот дел гласеше 1-1, исто како оној пред седум дена во Ротердам.

Хименез одлично се снајде по пет минути игра и со рамо ги донесе гостите во предност од 0-1, но во 15. минута Пелегрини прекрасно погоди од работ на шеснаесетникот за 1-1.

Откако мрежите мируваа во продолжението од натпреварот, како и во додатните 30 минути, ударите од белата точка го решија патникот во осмина-финалето.

Лукаку беше првиот играч кој промаши, но голманот Миле Свилар со две одлични одбрани се погрижи „волчицата“ да слави пласман во следната рунда.

Во осмина-финале пласман обезбеди и Марсеј, кој вечерва го доби реваншот против Шахтар со 3-1, како и Спарта Прага, која со 4-1 победи во возвратниот натпревар против Галатасарај.

Спортинг вечерва одигра само 1-1 против Јанг Бојс, но победата од 1-3 на првиот натпревар го однесе тимот од Португалија во осмина-финале.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ