сабота, 27 јули 2024
На повеќе локации од раководството

Свежо цвеќе во спомен на загинатите припадници од МВР на Денот на македонската полиција

Објавено на

часот

Сподели

Свежо цвеќе пред споменикот во кругот на МВР положи делегација предводена од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, во состав државниот секретар при министерството за внатрешни работи Магдалена Несторовска, директорот на Биро за јавна безбедност Сашо Тасевски и заменик директорот на БЈБ Ариф Асани. Цвеќе положија и деканот на Факултетот за безбедност проф. д-р Никола Дујовски, претставниците на здружението на бранителите и семејствата на загинатите бранители, како и претставниците на Македонскиот полициски синдикат.

Оливер

Пред споменикот на загинатите припадници на МВР, пред зградата на Гранична полиција, објавија од МВР на нивниот фејсбук-профил, свежо свеќе положија директорот на Биро за јавна безбедност Сашо Тасевски во придружба на заменик директорот на БЈБ Ариф Асани, помошник на директор Јулија Поповска Александровска и помошник на директорот г. Шефик Бајрами.

Тасевски

На споменикот на загинатите припадници на Министерството за внатрешни работи во паркот ,,Жена борец “, свежо цвеќе беше положено од страна на помошник на министерот за односи со јавност и стратешки прашања Тони Ангеловски, во придружба на началникот на СВР Скопје, Кирче Даневски и шеф на кабинет на државната секретарка, Јованка Аврамовска.

ТониМВР

Оддадена почит и свежо цвеќе беше положено на споменикот на загинатите колеги од хеликоптерската несреќа во близина на Струмица од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и семејствата на споменикот во Базата ,,Брест “, како и на споменикот на загинатите припадници од Единицата за брзо распоредување во касарната во Ѓорче Петров и на споменикот на загинатите припадници од САЕ Тигар во касарна Илинден, а од страна на претставници на Министерството за внатрешни работи и здружението на семејствата на загинатите бранители. 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ