Во Скопје сончево со мала локална облачност и со слаб северен ветер.
И утре наутро времето ќе биде свежо, преку денот сончево и релативно топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Од пладневните часови ќе има локално зголемување на облачноста и услови за слаб локален дожд претежно во западните делови од земјата.
Во Скопје сончево со мала локална облачност поголема попладне и со слаб северен ветер.
Дневните температури ќе се движат од 23 до 31 Целзиусов степен.