понеделник, 23 септември 2024
Време

Свежи утра, преку ден со температури до 29 степени

Времето во Македонија денеска во утринските часови ќе биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 12, а максималната од 19 до 29 Целзиусови степени.

Објавено на

часот

Сподели

Во Скопје се очекува утрото да биде посвежо, а преку ден сончево и релативно топло. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Синоптичарите најавуваат период на релативно топло време. Утре и задутре ќе има зголемено наоблачување со локални врнежи од дожд, наместа поројни и со услови за појава на грмежи. Потоа, следува стабилно време со пораст на температурите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ