Во 2030 година ќе се одбележи 100 годишнина од Светското првенство, па ФИФА во консултација со сите конфедерации се одлучи на една посебна организација.
Официјално кандидатурата за домаќини ја добија Мароко, Португалија и Шпанија, но по повод големиот јубилеј на Светските првенства, три натпревари ќе се одиграа и во Јужна Америка, односно по еден меч во Уругвај, Аргентина и Парагвај кои исто така имаа заедничка кандидатура.
Уругвај е посебно важен за јубилејот на Светските првенство бидејќи таму се одигра првиот Мундијал.
„Во поделен свет, ФИФА и фудбалот се обединуваат. Собранието на ФИФА, кое го претставува цел свет, едногласно се сложи за 100-годишнината да прославиме на најсоодветен начин. Како резултат на тоа, првенството ќе се одиграат дуели во Уругвај, Аргентина и Парагвај“, кажа првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино.