сабота, 27 јули 2024
Бараж за пласман на СП 2023

Светското првенство е далеку за македонските ракометарки, висок пораз од Украина

Објавено на

часот

Сподели

Украина во Скопје забележа минимален пораз, а тоа ги разбуди надежите дека можеме да одиме по чудо бидејќи реваншот се игра на неутрален терен, во Унгарија. Но, СП е преголем залак за оваа генерација на ракометарки.

Денешниот меч беше рамноправен во првите 15 минути. Последен пристоен резултат беше 10-8 за Украина, потоа тие почнаа да ја полнат нашата мрежа. На паузата имаа +12, беше 24-12.

Во второто полувреме успеавме да се избориме само за пораз со едноцифрен број на голови, конечниот резултат беше 31-22.

Леонида Гичевска беше главно име во нашиот состав со девет гола, пет постигна Сара Ристовска.

Со овој триумф Украина се пласира на СП во Данска, Шведска и во Норвешка, а Македонија ќе чека подобри времиња за сопствена мундијалска промоција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ