сабота, 21 декември 2024

Светските медиуми пишуваат за трагедијата во Хрватска

Низа светски медиуми јавуваат за нападот со нож во загрепското основно училиште Пречко. Во нападот е убиено седумгодишно дете. Вкупно пет лица се повредени, меѓу кои и напаѓачот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Ученичка убиена во напад со нож на хрватско училиште“, пишува Ројтерс.

„Напад во училиште во Загреб: Девојче убиено, повеќе повредени“, јавува Дојче веле.

„Седумгодишно девојче е убиено, а повеќе се повредени во напад со нож во хрватско училиште“, наведува Скај њуз.

„Дете починало по напад со нож во основно училиште во Хрватска“, пишува Би-би-си.

„Хрватската полиција соопшти дека во напад со нож во училиште загина 7-годишно девојче, а пет се ранети“, јавува Асошиејтед прес.

„Ученичка е убиена, неколку се повредени во напад со нож во основно училиште во Хрватска“, јавува Си-ен-ен.

„Во напад со нож во загрепско училиште смртно настрада седумгодишно девојче, повеќе се повредени“, наведува Еуроњуз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ