сабота, 27 јули 2024

Светскиот шампион во кикбокс на прием во АМС

Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска приреди прием за Бобан Илиоски кој го освои златниот медал во кикбокс на Светското првенство кое се одржа во Португалија.
 

Објавено на

часот

Сподели

Претседателот на АМС, Наумче Мојсовски ги прими Илиоски и неговиот тренер и претседател на федерацијата, Дејан Митровски – Урко.

„Нѐ направи горди и беше вистински пример за македонскиот борбен карактер, упорност, спортски инает“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсовски.

Претседателот на кикбокс федерацијата, Дејан Митровски – Урко најави дека следен чекор е кандидатура за Македонија да биде домаќин на едно големо натпреварување.

Бобан Илиоски на денешниот прием истакна дека верувал во успех од самиот почеток и дека жртвувал многу задоволства и со упорна и напорна работа стигнал до овој резултат. 

Следната негова активност ќе биде тренинг камп во Холандија за кој вели дека е еден од најтешките спаринг тренинг кампови, но само така се стигнува до успехот.

s

s

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ