среда, 8 јануари 2025

Светски ден на Брајовото писмо, невиодливо во образовниот систем на Македонија

Во земјава и светот денеска се одбележува Меѓународниот ден на Брајовото писмо и образование на лицата со попречен вид – 4 Јануари. Од kоалицијата „Менуваме“ соопштуваат дека денес Брајовото писмо кое е загарантирано со сите меѓународни документи, е невидливо во образовниот систем освен во ДУРДМОВ „Димитар Влахов“ во Скопје. Од Коалицијата посочуваат дека имаат направено евалуација на системот која покажува дека илјадници лица не го знаат Брајовото писмо поради неколку причини.

Објавено на

часот

Сподели

Од коалицијата посочуваат дека децата со оштетен вид или слепи кои одат во редовните училишта не го изучуваат Брајовото писмо, а и никаде во институциите не е видливо Брајовото писмо што е, како што посочуваат, надвор од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп и Уставот на Македонија.

„”Не оставај никој зад себе  ВИДИМЕ’ е еден од водечките принципи на Агенда 2030 и на Целите за одржлив развој. Во својот нов регионален проект, коалицијата Менуваме ќе работи на поттикнување на регионалното учење и размена на искуствата од достигнувањата од Агендата 2030, особено принципот ‘Не оставај никој зад себе ВИДИМЕ’, и ќе им помага на националните актери во Македонија и регионот во дизајнирање и водење социјален дијалог за Целите за одржлив развој“, велат од коалицијата.

Од таму информираат дека иницијативата вклучува стратегија и методологија за задоволување на основните потреби за лицата со попречен вид и обезбедување на услови за нивно активно вклучување во сите сфери на општеството, на локално и на национално ниво.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ