сабота, 27 јули 2024

Светската здравствена организација одби да го покани Тајван на своето годишно собрание

Објавено на

часот

Сподели

Кина и Пакистан се спротивставија на поканата до Тајван да присуствува на годишното собрание на СЗО како набљудувач, додека САД, Велика Британија, Франција, Австралија, Маршалските Острови, Белизе, Науру и Есватини, поранешен Свазиленд, го поддржаа присуството на Тајван, пишува Гардијан.

Министерството за надворешни работи на Тајван соопшти дека учеството на Тајван на седницата на собранието на СЗО е прашање на глобалното јавно здравје и ја критикуваше одлуката како неправедна.

„Не треба да се дозволи политиката да има предност пред професионализмот. Не само што е неправедно да се исклучи Тајван поради кинескиот политички притисок, туку претставува и сериозна закана за глобалното здравје“, се вели во соопштението на тајванското Министерство за надворешни работи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ