сабота, 27 јули 2024

Светска опсесија по Шерлок Холмс

Објавено на

часот

Сподели

По сè изгледа дека на ликот, создаден од книжевниот гениј на сер Артур Конан Дојл и толку долго занемаруван од Холивуд, е подготвен за својата одмазда. Шерлок Холмс го има и на малите екрани и на големото платно, и тоа во неколку адаптации за многу кратко време.

По одличната ТВ-серија „Шерлок“ на Би-би-си и американскиот филмски серијал со Роберт Дауни Џуниор и Џуд Лоу, и Американците и Русите се подготвуваат да снимаат нови верзии на најславниот британски детектив.

Американската ТВ-мрежа Си-би-ес на својата интерпретација на приказните на Конан Дојл им го даде името „Основно“ (Elementary), јавува весникот Холивуд рипортер. Серијалот ќе го пресели детективот од Лондон во средината на 19 век во денешно време во Њујорк.

И Русите, како големи обожаватели на Шерлок Холмс, работат на нов проект, кој се очекува кон крајот на годината. Интересно е што во новиот серијал негативците ќе ги глумат истите глумци што во мегапопуларниот советски ТВ-серијал од 1979 до 1986 ги глумеа Холмс и д-р Вотсон.

 

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ