недела, 19 мај 2024

Светска банка: Расте јазот меѓу богатите и сиромашните земји

Во повеќе од половина од 75 најсиромашни земји во светот и покрај нивниот важен потенцијал во суровини и активна млада популација, бруто домашниот производ по жител во 2023/2024 година расте поспоро отколку во богатите земји што ја зголемува нееднаквоста – соопшти Светската банка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

За третина од тие земји, БДП по жител сега е понизок отколку пред пандемијата на ковид-19, се наведува во извештајот кој Светската банка го објави денес за земјите кои би можеле да имаат корист од грантови или заеми на Меѓународната развојна асоцијација (ИДА), огранок на Светската банка, по поволни услови.

„Добросостојбата на тие земји е неопходна за долгорочниот просперитет на светот. Три денешни економски сили – Кина, Индија и Јужна Кореја – беа земји кои профитираа од заеми на ИДА“, кажа главниот економист на Светската банка, Индермит Гил.

Тој кажа дека сите три земји просперирале, направиле да исчезне екстремната сиромаштија и ги подобриле условите за живот.

Земјите кои ги финансира ИДА денес имаат потенцијал со меѓународната помош да го направат истото, додаде тој.

Во некои земји ситуацијата е уште покритична со степен на екстремна сиромаштија осум пати поголем од светскиот просек. Речиси 25 отсто од населението во тие земји живеат со помалку од 2,15 долари на ден, а 90 отсто од луѓето кои се соочени со глад или неухранетост во светот се сконцентрирани во тие земји кои главно се наоѓаат во супсахарска Африка, како и во источна или јужна Азија.

Во извештајот се предлага да се засили придонесот на меѓународните финансиски институции за им се помогне и соработка во врска со главните светски прашања како климатското загревање кое особено ги погодува тие земји, како и значително засилување на финансиската поддршка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ