понеделник, 21 октомври 2024
Светско фудбалско првенство за жени

Светот ќе добие нов шампион, САД и Андоновски се елиминирани

Објавено на

часот

Сподели

САД можеби го одиграа најдобриот меч на ова Светско првенство досега, но среќата им го сврте грбот. Шведска некако успеа да се протне меѓу осумте најдобри.

Во текот на 120 минути немаше голови. Селекцијата на САД имаше неколку фантастични можности за гол, но Шведска ја имаше голманката Мушовиќ која бранеше неверојатно.

Во пенал серијата САД имаше двапати шанса со гол да ги заврши пеналите во своја полза, првата можност не ја искористи искусната Рапино, а втората не ја претвори во победа Смит. По седум серии и многу драма Шведска успеа да победи.

Швеѓанките во четвртфиналето ќе играат против Јапонија која синоќа со 3-1 ја совлада Норвешка.

Денеска Холандија со 2-0 беше подобра од Јужна Африка и во четвртфиналето ќе игра против Шпанија која вчера беше поуспешна од Швајцарија со 5-1.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ