петок, 17 јануари 2025
Прв настан со надеж да прерасне во традиција

Светиот крст на Водици за прв пат ќе се фрла во водите на езерото Јасика во Долно Лисиче

Оваа година за првпат во Долно Лисиче започнува една убава традиција, односно фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. По тој повод организаторите на настанот ги покануваат верниците во Бога да присуствуваат на овој настан со надеж дека ќе прерасне во традиција.

Објавено на

часот

Сподели

“Почитувани верници во Бога, на 19.01.2024 на Богојавление – Водици, за прв пат во Долно Лисиче ќе се организира фрлање на светиот крст во водите на езерото Јасика. Во заедничка организација на Црковниот одбор при Храмот Света Троица и ресторанот Рибник Езеро Јасика ќе започнеме една традиција која се одржува секоја година. Сите заинтересирани кои сакаат да скокаат по крстот да се пријават кај секретарот Бобан Блажевски 070710378 или во самиот Црковен Храм Св.Троица со лични податоци и телефонски број како и доставена медицинска белешка за здравствената состојба на кандидатот“, велат организаторите на настанот.

За тој што ќе го фати крстот ќе биде доделена рачно изработена икона и уште една вредна награда. Пред самиот чин на скокање во осветените води ќе биде извршена уште еден медицински преглед од страна на медицинската екипа.

После фаќањето на светиот крст сите присутни ќе бидат почастени со топло чајче и греана ракија, а доколку некои од верниците во Долно Лисиче сака да донесе некое мезе или сукано истото ќе биде добредојдено.

Детална агенда за настанот:

Крст ќе се фрли во осветените води точно во 12:00. До сега има 15 пријавени кандидати, до сабота кој не се пријавил може да се пријави.

Настанот ќе го проследи и градоначалникот на Општина Аеродром кој лично ќе му ја врачи едната вредна наградата на среќниот капач, а втората вредна награда голема рачно изработена икона ќе ја врачи Отец Оливер Петровски во просториите на Црковниот Храм Св.Троица по завршувањето на манифестацијата.

Распоред на активности:

08:00 – 10:00 утринска богослужба во Храмот „Св.Троица“

11:00 собир во дворот на Св.Троица

11:40 осветување на водите

12:00 спуштање на Светиот крст во осветените води

Греана ракија, топло чајче и пити/банички за посетителите во „Јасика“

12:30 – 13:30 греана ракија, топло чајче, пити/банички во големата сала при Храмот „Св.Троица“ каде ќе се даде втората награда.

Поканети се сите кои сакаат да присуствуваат и да ја видат оваа убава манифестација во живо.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ