недела, 4 мај 2025

Знамиња со кукасти крстови осамнаа во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Три нацистички знамиња со кукасти крстови беа поставени на влезот на автопатот во областа Есингеледен во Стокхолм, главниот град на Шведска, на 20 април, на роденденот на Адолф Хитлер.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на полицијата во Стокхолм Матс Ериксон изјави дека започнале истрага за инцидентот како кривично дело од омраза.

Ериксон нагласи дека не е соодветно да се случуваат такви работи во Шведска. Тој посочи дека на влезовите на автопатите често се појавуваат транспаренти со политички пораки.

„Конкретно активисти споделуваат политички пораки бидејќи тука има густ сообраќај. Не е убаво да се споделуваат такви пораки“, рече Ериксон.

Тој додаде дека нацистичкото знаме најверојатно било поставено за да го одбележи роденденот на нацистичкиот диктатор Адолф Хитлер, кој е роден на 20 април.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ