среда, 17 декември 2025

Жители бараат од Путин да не гради црква во чест на воените жртви во нивниот парк

Жителите на јужен руски град протестираат против плановите во нивниот парк да се гради споменик за воените жртви.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Плановите за изградба на црква во чест на руските воени жртви, во парк на брегот на реката Кубањ во јужниот град Краснодар, предизвикаа редок протест на локалното население, кое јавно му се обрати на претседателот Владимир Путин барајќи да ја спречи реализацијата на проектот.

На снимки објавени на интернет се гледа како еден жител чита апел пред голем број собрани граѓани, кои со скандирање изразуваат поддршка.

Во пораката тие го повикуваат Путин да го зачува паркот во населбата Јубилејни, покрај реката Кубањ, како зелена површина во која би можеле да уживаат нивните деца и внуци.

„Не сме против религијата. Се залагаме за почитување на законите“, се наведува во пораката. „Властите не нè слушаат. Принудени сме да викаме. Јубилејни е против оваа изградба“.

Ројтерс не можел со сигурност да утврди кога е одржан јавниот собир. Протестите од каков било вид се ретки во Русија, каде што властите од февруари 2022 година го засилија пресметувањето со речиси сите облици на несогласување.

Властите соопштија дека планираната црква ќе биде посветена на „хероите на специјалната воена операција“, како што Кремљ ја нарекува војната во Украина. Сепак, поврзаноста со војната не била во средиштето на противењето на граѓаните.

Александар Сафронов, комунистички пратеник во локалниот парламент, изјави: „Жителите во принцип не се против изградба на црква, но не сакаат да се уредува брегот“. „Спас“, конзервативен верски телевизиски канал, соопшти дека на Краснодар му се потребни повеќе цркви и ги нападна противниците на проектот, нарекувајќи ги „бладачки комунисти“.

Сафронов рече дека тој канал врз демонстрантите излеал „лагии и валканици“, но дека тоа само го зголемило нивниот број. Ова прашање покрена жива расправа во еден краснодарски чет на руската социјална мрежа ВК, при што некои жители се пожалија дека во градот веќе има и повеќе од доволно цркви.

„Само молитви нема да го поправат она што се случува во оваа земја“, напиша еден корисник.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ