„Путин го врти целиот свет против себе и навистина заслужува многу построги санкции од оние што се во сила во моментов“, изјави шефот на балтичката земја, членка на ЕУ и НАТО, на литванската телевизија.
„Навистина се надевам дека нашите колеги во Европската Унија разбираат дека 17-тиот пакет санкции беше само загревање“, рече Науседа. „Мораме да го подготвиме 18-от пакет санкции што навистина ќе наликува на молотов коктел“.
Минатата недела ЕУ воведе дополнителни санкции против Русија. Седумнаесеттиот пакет казнени мерки вклучува понатамошно заострување на ограничувањата за таканаречената „флота во сенка“ на Русија што се користи за транспорт на нафта и нафтени производи.
Веќе се планира 18-тиот пакет санкции. Литванија е еден од најгласните поддржувачи на Киев на меѓународната сцена.
Русија во последните денови изврши масовни воздушни напади врз Украина. Нападите беа осудени од голем број луѓе, вклучувајќи го и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ѝ се закани на Русија со нови санкции и го обвини лидерот на Кремљ, Владимир Путин, дека „целосно полудел“.
Науседа рече дека се согласува со проценката на Трамп. „Тоа се силни зборови и сосема соодветна изјава, бидејќи тоа ни е јасно долго време“, рече Наузеда.
Украина се брани од целосна руска инвазија од 2022 година.