Силни експлозии потресоа неколку градови во окупираниот Крим синоќа, а меѓу целите беа и воените воздухопловни бази во Севастопол и Новофедоривка, објавија каналите на Телеграм „Кримски ветер“ и партизанското движење АТЕШ, повикувајќи се на украинската новинска агенција РБЦ.
Major explosions reported this morning near Russian-occupied Saki Airbase in Crimea, as Ukrainian attack drones swarm the peninsula. pic.twitter.com/Sn3x6I4eOK
— OSINTtechnical (@Osinttechnical) May 2, 2025
Според исказите на очевидци, околу полноќ по киевско време во близина на кримскиот пазар се слушнала силна експлозија, по што следеле извештаи за лансирање на најмалку 15 дронови. Нападите и детонациите продолжиле во текот на ноќта на различни локации низ Крим.
Во Севастопол имало неколку експлозии околу аеродромите Кача и Белбек, а потврдено е дека барем еден напад бил успешно извршен. Движењето АТЕШ објави дека околу еден часот наутро биле забележани и хеликоптери како летаат над градот, најверојатно во конфликт со украински беспилотни летала.
Руското Министерство за одбрана утринава соопшти дека нивните сили за воздушна одбрана собориле вкупно 121 беспилотно летало, од кои 89 над територијата на Крим и 23 над Црното Море.
Сообраќајот преку Кримскиот мост беше привремено прекинат, но беше обновен во текот на утрото.