среда, 17 декември 2025

Земјотрес ја погоди Анкара, граѓаните во паника истрчувале на улица (ВИДЕО)

Турската престолнина Анкара денес ја погоди од земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала, објави националната телевизија ТРТ.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Земјотресот бил почувствуван во централните делови на градот, особено во областа Чанкаја, каде што се наоѓа седиштето на националната телевизија.

Според видеата што кружат на социјалните мрежи, многу граѓани уплашени истрчале од своите куќи, продавници и канцеларии на улиците.

Засега нема информации за повредени или за поголема материјална штета. Според прелиминарните податоци, епицентарот е регистриран на длабочина од околу 11 километри.

Паника ги зафатила и студијата на некои телевизии, каде што водителите во живо ја прекинале програмата поради земјотресот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ