петок, 12 декември 2025

Земјоделците го блокираа Солун со трактори со мртовечки ковчези (ФОТО+ВИДЕО)

Земјоделците и сточарите од северна Грција, револтирани од својата економска состојба и од недостигот од помош од државата и од Европската Унија, денеска од пладне ги блокираа влезовите во солунското пристаниште, а со тоа и центарот на градот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

И покрај големиот број полицајци, улиците се преплавени со трактори на кои има поставено мртовечки ковчези, со што демонстрантите ја илустрираат состојбата во земјоделството, пренесе атинската телевизија СКАИ.

И земјоделци од подалечните делови на Грција пристигнаа во Солун со автомобили и изнајмени автобуси, а дојдоа и делегации на земјоделци, кои и понатаму ги блокираат царинските испостави на граничните премини, повремено дозволувајќи да се одвива сообраќајот.

Во протестот учествуваат и пчелари, а поддршка на земјоделците им даваат студентите и синдикатите.

Според Катимерини, земјоделците најавија дека блокадите во Солун ќе продолжат и во наредните денови доколку владата не прифати конкретни мерки за намалување на трошоците за гориво и електрична енергија, како и итна исплата на заостанатите субвенции. Весникот наведува дека протестите се дел од координирана акција на национално ниво, со јасна намера економскиот притисок да се пренесе и на извозот и транспортот.

Фото: ЕПА

Телевизијата СКАИ јавува дека на граничните премини Евзони и Ники земјоделците периодично го прекинуваат сообраќајот по неколку часа, пропуштајќи само итни возила, додека товарниот транспорт трпи сериозни застои. Според нивните извештаи, земјоделските здруженија порачале дека „нема да отстапат“ сè додека не добијат писмени гаранции од владата за промена на аграрната политика и заштита на домашното производство.

Грчките медиуми истакнуваат дека денешните протести во Солун се меѓу најмасовните во последните години и дека имаат силна симболика, бидејќи градот се смета за економско срце на северна Грција.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ