Во заедничката изјава договорена на вториот ден од состанокот на членовите на Групата на седумте индустриски најразвиени западни земји во Франција, земјата домаќин оваа година, министрите порачаа дека ја нагласиле важноста од минимизирање на влијанието на конфликтот врз регионалните партнери, цивилното население и критичната инфраструктура.
„Се фокусиравме на вредноста на различните партнерства, иницијативите за координација и поддршка, вклучително и ублажувањето на глобалните економски шокови како што се прекините во комерцијалните синџири на снабдување кои ги опфаќаат економскиот, енергетскиот и комерцијалниот сектор и имаат директно влијание врз нашите граѓани“, се наведува во соопштението во кое имал увид Ројтерс.
Министрите ја повторија и потребата од враќање на безбедна и слободна пловидба низ Ормускиот теснец.
Членови на Г7 се Соединетите Американски Држави, Британија, Канада, Франција, Германија, Италија и Јапонија, а Европската Унија е постојана членка, која учествува на сите состаноци, но не претседава ниту е домаќин на самит.






