недела, 7 декември 2025

Зеленски ѝ се закани на Русија: Секој напад ќе биде крваво платен

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес нагласи дека Киев подготвува одредени чекори на фронтот и ќе одговори на секој удар од Русија.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Во обраќање објавено на официјалната веб-страница на претседателот, тој рече дека украинските сили, врз основа на извештаи од армијата и разузнавањето, ја држат ситуацијата на фронтот под контрола, особено во насока на Покровское и соседните области, во Купјанск, како и во пограничните региони околу Харков и Суми и Запорожје.

„Благодарен сум на сите наши единици за нивниот отпор и истрајност. Подготвуваме одредени чекори на фронтот и ќе одговориме на секој удар од Русија“, изјави Зеленски, според агенцијата Укринформ.

Како што се наведува, тој разговарал со командантот на украинската армија, Олександар Сирски, особено за капацитетите на оружјето со долг дострел.

„Растојанието и прецизноста на нашите напади со оружје со долг дострел врз Русија се зголемија. Речиси секој ден се вршат напади врз руската инфраструктура за рафинирање на нафта, а тоа придонесува за враќање на Русија во реалноста“, рече Зеленски.

Тој ги пофали резултатите на поединечните бригади и служби, особено оние кои, како што изјави, го уништија агресорот во правец на Купјанск. Зеленски додаде дека продолжува работата со европските партнери за проширување на програмата ПУРЛ, според која Украина стекнува американско оружје, чие купување го финансираат европските земји.

“Тука станува збор посебно за нашите противвоздушни системи и оружје со долг дострел. Следната недела ќе разговараме со партнери во Европа за проширување на ПУРЛ програмата”, нагласи претседателот на Украина.

Тој додаде дека Киев подготвува и некои значајни договори со други земји во врска со оружје и одбранбена технологија, како и дека капацитетите на Украина се прошируваат.

“Во тек е финализирање на договорот што го подготвувавме неколку месеци”, заклучи Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ