„Разговаравме и за многу детали поврзани со енергетскиот сектор. Претседателот Трамп е добро информиран за сè што се случува. Се согласивме да го продолжиме нашиот дијалог и нашите тимови се подготвуваат“, објави Зеленски на социјалната мрежа Икс.
Кремљ претходно денес објави дека Русија е длабоко загрижена за можноста Соединетите Американски Држави да ѝ дадат на Украина ракети со долг дострел „томахавк“, предупредувајќи дека тоа би било огромна ескалација на конфликтот.
Трамп претходно кажа дека пред да се согласи да ги даде ракетите „томахавк“ би сакал да знае што планира Киев да прави со нив, бидејќи не сака да ја ескалира војната. Зеленски истакна дека Украина ќе ги користи ракетите исклучиво за остварување воени цели и нема да напаѓа цивили во Русија.
„Гледаме и слушаме дека Русија се плаши од можноста САД да ни испорачаат ракети „томахавк“. Ова е сигнал дека овој вид притисок може да биде ефикасен во постигнувањето мир“, оцени Зеленски.






