понеделник, 5 мај 2025

Зеленски во Јужна Африка, но ја прекина посетата поради рускиот напад на Киев

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска треба да се сретне со јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоза, како дел од напорите на Киев да го прошири кругот на меѓународни партнери.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Иако потврди дека средбата со Рамафоза ќе се одржи, Зеленски најави дека ќе го скрати престојот во земјата и дека веднаш по средбата се враќа во Украина, откако синоќа во рускиот напад на Киев загинаа седум лица.

„Откажувам дел од програмата и се враќам во Украина веднаш по средбата со претседателот Рамафоза“, рече Зеленски.

Тој додаде дека украинскиот министер за надворешни работи ќе остане во Јужна Африка и ќе ги одржи сите планирани состаноци „за да може политичкото и граѓанското раководство на земјата да биде целосно информирано за ситуацијата“.

Украинскиот претседател рече дека Русија во текот на ноќта истрелала речиси 70 проектили, вклучително и балистички ракети, и околу 150 беспилотни летала кон Украина.

„Тие напади мора веднаш и безусловно да престанат“, рече Зеленски, заблагодарувајќи им се на сите низ светот што ја поддржуваат Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ