понеделник, 6 април 2026

Зеленски во Дамаск: Украина и Сирија треба да соработуваат воено и безбедносно

Украина и Сирија се согласија да соработуваат на воената и прехранбената безбедност на двете земји, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа во Дамаск.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Двете земји се согласија да соработуваат преку размена на воена и безбедносна стручност, како и да ја обезбедат прехранбената безбедност на регионот“, порача Зеленски на Телеграм и додаде дека тој и неговиот сириски колега Ахмед ал Шара разговарале за војната на Русија против Украина.

„Благодарен сум за поддршката. Постои голем интерес за размена на воена и безбедносна стручност“, кажа Зеленски за време на неговата посета на Сирија, додавајќи дека друга тема на разговор била улогата на Украина како сигурен снабдувач на прехранбени производи.

Зеленски пристигна во Дамаск во придружба на турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, на разговори со привремениот сириски претседател Ал Шара.

Украинскиот претседател дојде во Дамаск од Истанбул, каде што се сретна со својот турски колега Реџеп Таип Ердоган во саботата. Тие разговараа за енергетската и поморската безбедност, како и за напорите за завршување на војната со Русија, која трае повеќе од четири години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ