четврток, 8 јануари 2026

Зеленски: Украина не бега од најтешките прашања, никогаш нема да бидеме пречка за мирот

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека оваа земја не се плаши од најтешките прашања и дека никогаш нема да биде пречка за мирот.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Тој кажа дека преговарачот на Киев Рустем Умеров веќе доставил почетен извештај за работата на украинскиот преговарачки тим во Франција денес.

„Ќе се одржи уште една рунда разговори со претставниците на претседателот на Соединетите Американски Држави, и тоа ќе биде веќе трета таква средба во последните два дена. Очекуваме, особено, дека ќе се дискутираат најтешките прашања од основната рамка за завршување на војната – пред сè, прашања поврзани со нуклеарната централа Запорожје и територијата“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде и дека му наложил на тимот да разговара за можни формати на состаноци на лидерско ниво меѓу Украина, европските земји и Соединетите Американски Држави.

„Украина не се плаши од најтешките прашања и никогаш нема да биде пречка за мирот. Мирот мора да биде достоинствен. А тоа зависи од партнерот – од тоа дали ќе обезбедат вистинска подготвеност на Русија да ја заврши војната. Очекувам детален извештај од нашиот преговарачки тим до крајот на денот“, кажа Зеленски.

Шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Буданов, претходно изјави дека веќе има „конкретни резултати“ од преговорите во Париз.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ