вторник, 9 декември 2025

Зеленски: Украина и Германија се согласуваат, војната треба да заврши што е можно поскоро

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека разговарал со германскиот канцелар Фридрих Мерц, нагласувајќи дека Киев и Берлин го делат ставот дека војната во Украина мора да заврши што е можно поскоро, со достоинствен и праведен мир.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Параметрите за завршување на оваа војна ќе го обликуваат безбедносниот пејзаж на Европа во наредните децении. Војната се одвива во Европа, Украина е составен дел од неа, ние веќе сме во преговори за пристапување кон Европската Унија. Затоа, Европа мора да учествува во релевантните процеси“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.

Тој додаде дека во текот на разговорите биле усогласени позициите на Украина и Германија, како и дека е договорено да се продолжи комуникацијата.

Зеленски најави дека денеска ќе се одржи онлајн состанок на советници за безбедност од Украина, Европа и Соединетите Американски Држави, со цел усогласување на заедничките позиции.

Според неговите зборови, биле разгледани различни можни формати на средби на највисоко ниво, меѓу кои две билатерални и една трилатерална, кои би можеле да придонесат за воспоставување мир.

„Украина не се плаши од состаноци и очекува ист храбар пристап од руска страна. Време е војната да заврши. Благодарен сум на сите што помагаат“, заклучи Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ