сабота, 14 јуни 2025

Зеленски: Украина е спремна на кој било облик на преговори за да се оконча војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека е подготвен за „секаков вид преговори“ со цел да се стави крај на војната со Русија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во своето дневно обраќање, Зеленски кажа дека ќе одлучи за „мерките што ќе се преземат“ кога ќе знае кој ќе ја претставува Москва на преговорите закажани за четврток во Истанбул.

„Чекам да видам кој ќе пристигне од Русија. Потоа ќе одлучам какви чекори ќе преземе Украина. Украина е подготвена за сите форми на преговори и не се плашиме од состаноци“, додаде Зеленски.

Тој оцени дека „сигналите што досега се појавуваат во медиумите не се убедливи“.

Тој кажа дека рускиот претседател Владимир Путин, наместо да размислува за преговори, „продолжува да ја напаѓа Украина“.

„Всушност, сега е поочигледно за целиот свет од кога било досега за време на оваа војна од целосни размери… дека единствената пречка за воспоставување мир е недостатокот на јасна волја на Русија да го стори тоа“, кажа Зеленски, а пренесува Ројтерс.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција изјави дека руската страна продолжува да се подготвува за преговорите закажани за четврток. „Тоа е сè што можеме да кажеме. Не планираме да коментираме понатаму во овој момент“, кажа Песков.

Лавров нема да оди во Турција на преговори?

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров нема да учествува на мировните преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул во четврток, објави весникот „Комерсант“.

Ројтерс објави дека не можеле веднаш да го потврдат извештајот на „Комерсант“, во кој не е наведен изворот на информациите.

Американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин остануваат „можни опции“ за она што би можеле да бидат првите директни мировни преговори меѓу Москва и Киев по години, откако Кремљ во среда го одложи објавувањето на информациите за тоа кој ќе ја претставува Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ