недела, 14 декември 2025

Зеленски: Турција, земјите од Заливот или европските земји би можеле да бидат домаќини на разговори со Путин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Турција, арапските земји од Персискиот Залив или европските земји би можеле да бидат домаќини на неговиот разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа недела ќе бидат остварени контакти со Турција, земјите од Заливот и европските земји кои би можеле да бидат домаќини на разговори со Русите. Од наша страна, сè ќе биде максимално подготвено за да се стави крај на војната“, изјави Зеленски.

Шефот на неговиот кабинет, Андриј Јермак, отпатува во Катар, пренесува Ројтерс.

Зеленски сака да разговара со Путин, но рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека не се направени подготовки за таква средба.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ