Претседателството претходно објави дека Макрон и Зеленски ќе разговараат за постигнување праведен и траен мир во Украина, по неодамнешните разговори во Женева за мировниот план на САД во тесна координација со европските партнери.
Елисејската палата соопшти дека ќе разговараат и за безбедносните гаранции за Украина во рамките на „коалицијата на спремните“.
Планирана е прес-конференција по средбата меѓу Макрон и Зеленски.
Зеленски, исто така, треба да ги посети производствените погони на француската компанија Дасо, објави Укринформ.






