Украинскиот претседател додаде дека, меѓу другото, со Трамп разговарал за билатералните безбедносни гаранции, пренесува Си-eн-eн.
„Една од темите за кои разговаравме со претседателот Трамп беа безбедносните гаранции. Сакаме Соединетите Американски Држави да бидат дел од безбедноста“, рече Зеленски, опишувајќи ја средбата со Трамп како „продуктивна“.
На прашањето на новинарите дали сè уште верува дека Трамп е сериозен во намерата да дејствува против Русија, Зеленски одговори дека верува во САД.
„Веруваме во Соединетите Американски Држави. Веруваме во претседателот Трамп дека сака да ја заврши оваа војна“, нагласи Зеленски, додавајќи дека се надева оти Трамп ќе успее во Украина „исто како што успеа на Блискиот Исток“.






