„Разговаравме за опциите за противвоздушна одбрана и се согласивме да работиме заедно за зајакнување на заштитата на воздушниот простор“, изјави Зеленски на Телеграм, додавајќи дека разговорот бил суштински, пренесува Бета.
Шефот на кабинетот на Зеленски, Андриј Јермак, изјави дека телефонскиот разговор меѓу Зеленски и Трамп „бил многу важен и богат“.
Трамп претходно телефонски разговараше со рускиот претседател Владимир Путин, но немаше напредок кон ставање крај на руската војна во Украина.






