среда, 11 март 2026

Зеленски: САД предложија разговори меѓу Украина и Русија следната недела

Соединетите Американски Држави предложиле одржување на нова рунда разговори меѓу Украина и Русија следната недела, со американско посредништво, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски, прецизирајќи дека разговорите би можеле да се одржат во Швајцарија или Турција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Очекуваме состанокот да се одржи следната недела. Тоа е американски предлог, но, да бидеме искрени, ќе видиме што ќе се случи на Блискиот Исток дотогаш. Средбата би можела да биде во Швајцарија или Турција“, кажа Зеленски на онлајн прес-конференција.

Претседателот на Украина напиша вчера на социјалната мрежа Икс дека имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и прецизираше дека Турција изразила подготвеност да биде домаќин на овој нов трилатерален состанок во обид да се стави крај на конфликтот во Украина.

Зеленски додаде дека трилатералниот состанок меѓу Украина, Русија и Соединетите Американски Држави, првично закажан за оваа недела, е одложен поради војната на Блискиот Исток.

„Во моментов, приоритетот и целото внимание на партнерите е насочено кон ситуацијата во Иран, поради што состанокот, закажан за оваа недела, е одложен на предлог на САД“, изјави Зеленски и прецизираше дека Украина останува подготвена за средба во секое време со цел да се стави крај на конфликтот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ