понеделник, 15 декември 2025

Зеленски: Русија очигледно ја шири војната

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ја обвини Русија за ширење на војната откако, како што тврди Западот, го нарушила воздушниот простор на соседните земји, Полска и Романија.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Руската армија точно знаела каде летаат нејзините беспилотни летала и тоа не било самоволие на одредени команданти, оцени Зеленски на Телеграм. „Русија јасно ја шири војната“, додаде тој. Таквиот пристап бара превентивна акција од Западот. Русија мора да ги почувствува последиците, инсистира Зеленски.

Тој повторно побара санкции и царини против руската трговија кои ги очекува од американскиот претседател Доналд Трамп. Но, рече дека е потребно и да се воспостави заеднички безбедносен систем. „Не чекајте десетици беспилотни летала „шахид“ и балистички ракети за конечно да донесете одлуки“, им порача тој на Европејците.

Украинскиот претседател веќе го изрази својот став за санкциите во своето обраќање од синоќа. Тој кажа дека трговијата со руска нафта треба да се намали за да се намали способноста на Русија да води војна.

Во овој контекст, тој го пофали предлогот на Трамп за заедничко дејствување против Русија. „Ги повикувам сите партнери да престанат да бараат изговори за да не воведат оваа или онаа санкција, ги повикувам сите нив: Европа, САД, Г7 и Г20“, кажа тој.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ