недела, 7 декември 2025

Зеленски: Русија ги одбива сите мировни напори, санкциите мора да се заострат

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен, известувајќи за тоа на социјалната мрежа Икс. Зеленски изјави дека лично ѝ се заблагодарил за нејзината „јасна позиција и пораките за поддршка на Украина“ кои ги изнела за време на денешниот говор во Европскиот парламент во Брисел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Целосно се согласуваме: сè додека Русија продолжува да ги отфрла сите мировни напори, санкциите против неа мора да бидат заострени, а одбранбената и финансиската помош за Украина мора да продолжат“, кажа Зеленски.

Тој додаде дека една од темите на разговорот биле замрзнатите руски средства, од кои голем дел се наоѓаат во земјите од Европската Унија.

Во тек е дискусија за тоа дали овие средства можат да се користат за финансирање на украинската одбрана. „Разговаравме за моменталната дипломатска ситуација и работата на Европската Унија за одлуката за користење на замрзнатите руски средства за одбрана на Украина“, заклучи украинскиот претседател.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ