недела, 14 декември 2025

Зеленски: Русија би можела да ги засили нападите на фронтот за да создаде поповолни политички услови за преговори

Русија би можела да ги интензивира нападите на фронтот во наредните денови со цел да создаде поповолни политички услови за преговори, оцени денес украинскиот претседател Володимир Зеленски, осврнувајќи се на извештај на украинската војска, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Го документираме движењето и подготовките на руските трупи. Секако, ќе возвратиме, доколку е потребно, асиметрично“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Икс по средбата со врховниот командант на украинската армија.

Претходно денес, Зеленски изјави дека имал „долг и значаен“ телефонски разговор со претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп по средбата на американскиот претседател со рускиот претседател Владимир Путин на Алјаска.

Зеленски кажа и дека ќе се сретне со Трамп во Вашингтон во понеделник за да разговара за решение на конфликтот во Украина.

На средбата Трамп-Путин не е постигнат договор за исходот од војната во Украина.

Претходно денес Зеленски изјави и дека Трамп го информирал за „главните точки“ од неговиот разговор со рускиот претседател на Алјаска.

Потоа украинскиот претседател му се заблагодари на Трамп за поканата да се сретне лично со него во Вашингтон во понеделник и рече дека ќе „разговара за сите детали за прекинување на убиствата и војната“.

Зеленски ја повтори важноста на вклученоста на Европа, објави Асошиејтед прес.

„Важно е Европејците да бидат вклучени во секоја фаза за да се обезбедат сигурни безбедносни гаранции заедно со Америка“, рече Зеленски.

„Разговаравме и за позитивните сигнали од американската страна во врска со учеството во гарантирањето на украинската безбедност“, кажа тој.

Украинскиот претседател кажа дека прво разговарал само со Трамп, а потоа се вклучиле и други европски лидери. Вкупно, разговорот на Трамп со Зеленски и другите европски лидери траел околу час и половина.

Вчерашниот самит Трамп-Путин заврши без конкретен напредок за прекинување на војната во Украина. Трамп разговараше со Зеленски на враќање од Алјаска.

Зеленски, исто така, изјави претходно денес дека Киев е подготвен за конструктивна соработка и дека ја поддржува трилатералната средба на лидерите на САД, Украина и Русија.

„Украина ја потврдува својата подготвеност да вложи максимални напори за постигнување мир“, напиша Зеленски претходно денес на социјалната мрежа Икс.

Потоа тој рече дека го поддржуваат предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за трилатерален состанок меѓу Украина, САД и Русија.

„Украина нагласува дека клучните прашања можат да се дискутираат на ниво на лидери, а трилатералниот формат е погоден за тоа“, додаде Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ