недела, 14 декември 2025

Зеленски: Рокот од 50 дена за санкции против Русија е губење време, Путин го лаже Трамп

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека рокот од 50 дена за воведување санкции кон Русија е само „губење време и човечки животи“, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин „не е подготвен за компромис“ и ја продолжува војната.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Зеленски изјави за Пост дека американскиот претседател Доналд Трамп „има моќ“ да го забрза воведувањето на строги санкции што би можеле да предизвикаат „социјална експлозија“ во Русија и да го „присилат“ Путин да ја заврши војната.

Украинскиот лидер тврди дека руската војска ги напаѓа цивилите и екипите за прва помош, користејќи секундарни напади со експлозивни дронови, додека Путин го „лаже“ Трамп за неговата подготвеност за мировни преговори.

Зеленски рече дека ги разбира чувствата на претседателот, велејќи дека Трамп верува дека Русите се „способни да ја завршат“ војната – но дека во реалноста, тие немаат желба да го сторат тоа.

„Искрено, Путин само го излажа дека сака да стави крај на војната. Денес претседателот Трамп е разочаран што сето ова се покажа како лага, бидејќи Путин само го излажа“, рече тој.

Зеленски му се заблагодари на Трамп за поддршката на санкциите, осврнувајќи се на најавата на претседателот во понеделникот дека ќе воведе царини од 100 отсто за земјите што купуваат руска нафта доколку Москва не се согласи со мировен договор.

Тој оцени дека санкциите имаат потенцијал да го ослабат Путин, бидејќи нивните ефекти ќе се почувствуваат со пад на животниот стандард во Русија, што може да доведе до „социјални немири и пад на поддршката за режимот“.

Зеленски оцени дека Трамп би можел да ја заврши војната на овој начин, бидејќи Путин, „опседнат со моќ, би ја изгубил желбата да продолжи со насилството ако ја изгуби поддршката на својот народ“.

„Секако би сакале да го забрзаме овој процес. Ние, од наша страна, ќе работиме на тоа да му обезбедиме (на Трамп) повеќе информации, повеќе аргументи за силни санкции против Русија“, изјави Зеленски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ