недела, 14 декември 2025

Зеленски разговарал со Трамп: Да се сопре убивањето што е можно поскоро

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека имал продуктивен разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, а главниот фокус бил окончување на војната.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Благодарни сме му на претседателот на Соединетите Американски Држави за сите напори насочени кон праведен и траен мир. Навистина е неопходно убивањето да сопре што е можно поскоро и целосно ја поддржуваме таа иницијатива. Многу месеци веќе можеа да поминат без војна, доколку Русија не ја продолжеше и не ја одолговлекуваше. Денес ги усогласивме нашите позиции – Украина и Соединетите Американски Држави. Разменивме проценки за ситуацијата: Русите ја зголемија бруталноста на своите напади. Претседателот Трамп е целосно информиран за руските напади врз Киев и други градови и заедници“, напиша Зеленски на мрежата Икс.

Претседателот на Украина кажа дека разговарале и за санкциите против Русија.

„Нивната економија продолжува да опаѓа и токму затоа Москва е многу чувствителна на оваа можност и на решителноста на претседателот Трамп. Ова може многу да промени. Разговаравме и за заеднички европски одлуки што можат да помогнат во нашата одбрана. Веќе имаме обврски од Холандија, Шведска, Норвешка и Данска – над милијарда долари за американско оружје што Украина ќе го добие. Ви благодариме! Оваа соработка со земјите од НАТО ќе продолжи.“

Зеленски на социјалната мрежа Икс објави и дека со Трамп разговарал за билатералната одбранбена соработка со Америка.

„Нацрт-договорот за беспилотни летала е веќе подготвен од украинска страна, ние сме подготвени детално да го разговараме и да го склучиме. Тоа би можело да биде еден од најсилните договори“, порача претседателот на Украина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ