понеделник, 8 декември 2025

Зеленски: Работиме на голема размена на заробеници и нов почеток на преговорите со Русија

Украина работи на голема размена на заробеници со Русија, со која би можеле дома да се вратат дури 1200 Украинци, истовремено Киев вложува напори за оживување на преговорите за завршување на војната. Овие напори доаѓаат по консултации со посредство на Турција и Обединетите Арапски Емирати, пренесува Политико.

Фото: Епа

Објавено на

часот

Сподели

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди овие иницијативи во изјава денеска. „Работиме на обезбедување нов почеток на преговорите, за конечно да има перспектива за завршување на оваа војна“, рече тој. „Исто така, сметаме на продолжување на размената на воени заробеници – во моментов се одржуваат голем број состаноци, преговори и телефонски повици за да се обезбеди ова“, додаде Зеленски.

Повеќе детали откри секретарот на Советот за национална безбедност и одбрана на Украина, Рустем Умеров. Тој објави на Телеграм дека „одржал консултации со посредство на партнерите во Турција и Обединетите Арапски Емирати за продолжување на процесот на размена и ослободување на нашите луѓе од руско заробеништво“.

„Како резултат на овие преговори, страните се договорија да ги активираат Истанбулските договори. Се работи за ослободување на 1200 Украинци“, соопшти Умеров. Истанбулските договори, склучени во 2022 година со посредство на Турција, воспоставуваат рамка за големи и организирани размени на воени затвореници меѓу Украина и Русија.

Според Умеров, техничките разговори за финализирање на деталите од следната размена „ќе се одржат во блиска иднина“.

Тој изрази надеж дека процесот ќе биде завршен наскоро, истакнувајќи дека негова цел е „Украинците кои треба да се вратат од заробеништво да можат да ги прослават новогодишните и божиќни празници дома“. Претседателот Зеленски во јули изјави дека 5.857 Украинци биле вратени од заробеништво преку размена од почетокот на руската инвазија пред речиси четири години.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ