сабота, 14 јуни 2025

Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене (ВИДЕО)

Украинскиот претседател Володимир Зеленски кажа дека ќе направи сè за оваа недела да се одржи средбата со рускиот претседател Владимир Путин. „Ако Путин не е спремен да дојде во Анкара, (турскиот претседател Реџеп Таип) Ердоган и јас сме спремни да отидеме во Истанбул. Ќе направиме сè за да дојде до тој состанок“, кажа Зеленски.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Никој освен мене не може да преговара со Путин. Тоа е моја должност“, кажа Зеленски и додаде: „Ако нема средба со Путин, нема да има ни резултат. Сè веќе отиде предалеку“.

„Зеленски се плаши од директни преговори со мене“, порача Зеленски. „Ако Путин не дојде и продолжи да игра игри, тоа е конечен доказ дека не сака да ја сопре војната“.

Тој кажа и дека, ако преговорите пропаднат, очекува „остри санкции“ од Соединетите Американски Држави и Европската Унија бидејќи, според него, тоа би покажало дека Русија не е спремна за дипломатија.

Во четврток во Истанбул би требало да почнат директни преговори меѓу Зеленски и рускиот претседател Путин, со потенцијално учество на американскиот претседател Доналд Трамп. Овој состанок претставува најнов обид да се постигне окончување на војната која трае повеќе од три години.

Путин предложи преговори без предуслови, но сè уште не го потврди своето учество. Кремљ го одби барањето на Западот за 30-дневен прекин на огнот како ултиматум, и не е јасно дали Путин лично ќе учествува на состанокот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ