недела, 14 декември 2025

Зеленски: Путин сака да ја окупира цела Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин би сакал да „ја окупира цела Украина“ и дека нема да запре додека не го постигне тоа, дури и ако Киев се согласи да отстапи дел од територијата што Москва ја бара.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Целта на Путин е да ја окупира цела Украина. И што и да каже, јасно е дека ја ставил воената машина во движење до таков степен што едноставно не може да ја запре освен ако не е принуден фундаментално да ги промени своите лични цели“, кажа Зеленски на годишната конференција за Јалтската европска стратегија за Украина.

Зеленски додаде дека „размената на територии“, хипотеза што се дискутира за завршување на конфликтот, нема да биде доволна за постигнување мир.

Украинскиот претседател го повика Западот да изврши притисок врз Кина, блиска до Кремљ, да влијае врз Русија да ја прекине инвазијата започната во февруари 2022 година.

Кина „имаше можност да ги принуди Русите да престанат да убиваат“, но не покажа волја, оцени Зеленски.

„Мора да најдеме начин да влијаеме врз Кина да го искористи своето влијание врз Русија за да ја заврши војната“, додаде претседателот на Украина, нагласувајќи ја улогата на „Европејците, Американците и Групата седум индустриски најразвиени западни земји – Г7“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ