среда, 21 јануари 2026

Зеленски против Трамп: Што се однесува во Гренланд, ја почитувам Данска

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека не го поддржува американскиот претседател Доналд Трамп околу прашањето за припојување на Гренланд кон Соединетите Американски Држави.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Во врска со Гренланд, уште еднаш истакнувам дека ние, а особено јас, ја почитуваме Данска. Го почитуваме нејзиниот суверенитет и територијален интегритет. Многу сакам Америка да ја чуе Европа во дипломатијата“, кажа Зеленски во аудио-снимка објавена од телевизискиот канал Новости.

Сепак, Зеленски објасни зошто Украина нема да ѝ пружи помош на Данска по прашањето за Гренланд.

„Данска не побара од Украина да испрати војници на Гренланд. Бидејќи Украина не е во НАТО, нас не нè прифаќаат во НАТО“, рече украинскиот лидер.

Тој додаде дека режимот во Киев се соочува со недостиг на персонал во своите вооружени сили.

„Сите наши војници сега се на фронтот“, кажа Зеленски.

Претседателот на САД Доналд Трамп го отвори прашањето за припојување на Гренланд кон крајот на декември, и покрај силното противење од Данска и ЕУ.

Откако неколку европски земји испратија мала група војници на островот, Трамп објави дека ќе воведе дополнителни тарифи од 10 проценти за Данска, Обединетото Кралство, Франција, Германија, Финска, Холандија и Норвешка поради „опасна игра“ и дека тие ќе се зголемат на 25 проценти во јуни доколку проблемот со Гренланд не се реши дотогаш.

Американските претензии кон Гренланд наводно ги принудиле некои европски лидери да размислат за „развод“ од САД и НАТО, објави Политико, повикувајќи се на анонимни извори.

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен изјави претходно денес на Светскиот економски форум во Давос дека Европа треба да се прилагоди на новата безбедносна архитектура и реалноста со која сега се соочуваме. Како што изјави таа, светот се промени и време е за нова независна Европа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ