петок, 26 декември 2025

Зеленски: Преговарачките тимови денес постигнаа значителен напредок

Украинскиот претседател Володимир Зеленски телефонски разговараше со својот фински колега Александер Стуб, а во фокусот на разговорот беа преговорите за ставање крај на војната со Русија. Зеленски истакна значителен напредок во подготовките за клучните состаноци во Соединетите Американски Држави, пишува Украинска правда.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Во објава на социјалната мрежа Икс, Зеленски наведе дека со Стуб разговарал за „контактите со партнерите“ во контекст на мировните преговори.

„Овде во Украина во моментов се подготвуваме за состаноци и преговори во Соединетите Американски Држави, а денес нашите тимови – украинскиот и американскиот преговарачки тим – постигнаа значителен напредок. Постигнато е многу во изработката на потребните безбедносни гаранции, планот за обнова и економски развој, како и рамковниот документ од 20 точки“, објави Зеленски.

Тој додаде дека украинската страна вредно работи на постигнување „заеднички успех за Украина и цела Европа, за Соединетите Американски Држави и претседателот Трамп, за сите наши партнери низ светот и за глобалниот мир“.

Зеленски посебно им се заблагодари на членовите на американскиот преговарачки тим – Стив Виткоф и Џаред Кушнер – како и на „сите што помагаат“.

Претходно денес Зеленски изјави дека планот од 20 точки за мирно решавање на војната е веќе 90 отсто подготвен. Нацртот на документот првпат јавно го претстави пред два дена, на 24 декември.

Според претходни извештаи на Блумберг, постојат индикации дека Русија ќе побара значителни измени на нацрт-мировниот план што го договорија Украина и Соединетите Американски Држави.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ