„Подготвени сме за форматот Трамп-Путин-јас“, изјави украинскиот претседател во изјава која беше под ембарго до утрово.
„Ако Путин не сака билатерална средба или ако сите сакаат трилатерална средба, тоа не ми пречи. Подготвен сум за секаков формат“, додаде тој.
„Очекуваме санкции од САД против енергетскиот сектор и банкарскиот систем на Русија, бидејќи Москва сè уште не го прифатила предлогот за прекин на огнот“, додаде Зеленски.
Тој рече дека Русија распоредува повеќе од 50.000 војници во близина на североисточниот украински регион Суми, како подготовка за можна офанзива на граничната територија. Москва претходно изјави дека сака да создаде „тампон зона“ за да спречи упади од Киев.
„Тие моментално распоредуваат трупи во правец на Суми. Повеќе од 50.000 војници“, рече тој.
Зеленски додаде дека Русија сака да ги протера украинските војници од нејзиниот регион Курск, кој се наоѓа преку границата, и да подготви офанзива врз регионот Суми.